Рико Верховен убедливо го победи Тарик Осаро и го одбрани појасот на Глори во тешка категорија

Холанѓанецот Рико Верховен повеќе од две години беше далеку од рингот на Глори, а се врати во голем стил на синоќешниот настан во Арнем.

Верховен го победи Тарик Осар со едногласна одлука на Глори: Колишн 6 за да го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија.

Долгогодишниот владетел на кралската дивизија уште еднаш покажа колку е брилијантно подготвен, тактички и физички.

На тронот е од 2014 година, а по убедливиот настап на стадионот „ГелреДом“ се чини дека уште долго ќе владее со категоријата.

Во мечот за титулата во полутешка категорија Донеги Абена со едногласна одлука го победи Мохамед Тушаси, а на ист начин и Донован Висе беше подобар од Мајкл Боапич во борбата со појасот во средната дивизија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО