Рико Верховен потпиша нов договор со Глори, го потврди и настапот на Гран при турнирот

Една од најголемите светски кик бокс организации Глори најави Гран при турнир во тешка категорија за следната година.

На големиот настан ќе настапат осум борци, а еден од нив ќе биде и хрватскиот кикбоксер Антонио Плазибат.

Победник на турнирот кој ќе се одржи во Арнем на 9 март ќе биде борецот кој во текот на вечерта ќе победи три пати.

На неодамнешниот настан на Глори Набил Хачаб освои место на турнирот со победата против српскиот тешкаш Никола Филиповиќ.

Но, на најголемото Гран при ќе биде и долгогодишниот владетел во тешка категорија Рико Верховен кој потпиша нов тригодишен договор со Глори.

„Во Глори сум од 2012 година, а можам да кажам дека никогаш не сум се чувствувал помотивиран и возбуден“, изјави Рико Верховен и продолжи:

„Она што навистина ме инспирира и ме поттикнува се предизвиците во рингот и мојата улога во развојот на брендот и боречките вештини. Новата насока на Глори за 2024 година е вистински пресврт. Ако сте љубители на боречки вештини, Глори е местото каде што можете да бидете без престан акција и забава“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО