Конор Мек Грегор му порача на УФЦ: Само чекам, но немам повеќе трпение

Најголемата ѕвезда на УФЦ Конор Мек Грегор би требало да се врати на борбите следната година. Славниот Ирец е надвор од терените од јули 2021 година кога на мечот против Дастин Пориер ја скрши ногата.

Веднаш се виде дека Конор го очекува долго закрепнување, но сега тие тешки денови се далеку зад него, а фановите стануваат нетрпеливи и би сакале да го видат во октагонот.

И се чини дека Мек Грегор го губи трпението со промоцијата која планира да му организира камбек-борба во летото 2024 година.

Конор викендот го помина во Саудиска Арабија, а гостуваше и на боксерскиот настан во Ријад.

Во интервју за Ток спорт откри дека ситуацијата меѓу него и УФЦ не е идилична.

„Во Саудиска Арабија многу се зборува за мечот помеѓу мене и Мани Пакијао, а од УФЦ не добивам никакви вести. Сакам да ми дадат нешто. Требаше да се вратам овој декември, а потоа се споменуваше април следната година. Никогаш не се однесувале со некого така без оглед на бројките што постојано им ги носам“, изјави Конор Мек Грегор и додаде:

„Продавам повеќе мечеви од сите други борци заедно, нели? Никој во историјата никогаш не бил третиран како што се однесуваат кон мене во моментов. Мојата врата секогаш треба да биде широко отворена. Само чекам, но немам повеќе трпение“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Junkie (@mmajunkie)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО