Шампионотот во тешка категорија на Глори, Рико Верховен, е слободен агент неколку месеци и сè уште не сака да и се придружи на организацијата. Верховен сака да ја продолжи филмската кариера, но е подготвен да се врати во Глори. Меѓутоа, Рико има еден услов, треба да има и реванш со легендата Бадр Хари, што треба да се одржи во декември оваа година. Во моментов, Хари е казнет за допинг, но за неколку месеци казната истекува.
Пред неколку дена Бадр Хари го обнови договорот со организацијата за шест натпревари, и очигледно е чекор напред со кој Глори сака да му го привлече вниманието на Верховен, како и што се случи. Неодамна во едно интервју Кралот на кикбоксот рече дека ќе потпише нов договор со Глори, но само ако има борба со Бадр во декември.
„Сакам мојата следна борба да биде против Бадр. Мислам дека може да се организира за декември оваа година. Нема причина да чекаат од Глори. Тогаш неговата казна ќе заврши и ќе може да се бори. Мојата последна борба беше во септември минатата година и ако се бориме во декември, тогаш нема да се натпреварувам за една година и три месеци.
Ова е битка која навивачите сакаат да ја видат и ние борците живеме за вакви средби. Работите се едноставни. Во моментов сум слободен агент и ќе разговарам со Глори за нов договор, но само ако првата борба е против Хари кон крајот на годината“.
Тие се сретнаа во декември 2016 година, тогаш Хари го победи во првата рунда, но во вториот се здоби со повреда и загуби со ТКО. Бадр и Рико беа незадоволни од околностите и ветија дека ќе има реванш. Хари пред сите во салата се заколна дека во втората борба ќе го нокаутира.