Рико Верховен ја почна 2021-та во сала

Кик-боксот ѕвездата Рико Верховен почна со тренинзи на првиот ден од Новата година.

Холандскиот шампион во тешка категорија на Глори продолжи со активностите наместо да паузира по празниците, како што прават повеќето борци. Верховен објави фотографија за своите следбеници на социјалните мрежи од неговата новогодишна активност.

„Првиот ден од новата година го започнувам под полна пареа! На сите им посакувам здравје, љубов и среќа, ова е клучот за животот … ако не го сакате ова најискрено за луѓето, убеден сум дека универзумот не ви ги дава ниту во вашиот живот“, напиша филозофски Верховен.

Холанѓанецот е без официјален меч повеќе од една година откако последен пат го победи Бадр Хари во декември 2019. На Глори 77 овој месец, Верховен ќе се соочи со Џамал Бен Садик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО