Рико: Не знам колку го болеше Бадр, но јас никогаш не би се откажал

rico-badr-borba

Рико Верховен не планира да се врати во рингот до мај или јуни следната година.

Кога ќе се врати не знае кој ќе му биде противник.

„Луѓето стојат во ред за да се борат со мене“, рече Верховен за РТЛ Булевар.

Го коментираше и прекинот на мечот против Бадр Хари. По борбата имаше гласини дека Мароканецот во втората рунда ја скрши раката, но се покажа дека го скинал мускулот.

„Изненаден сум што се откажа Бадр. Не знам колкава беше болката, но можам да ви речам дека јас никогаш нема би се откажал“.

Од тимот на Верховен негативно го коментара и прекинувањето на борбата од страна на Хари, поради низок удар за кој тврдат дека не завршил под појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО