Нурмагомедов: Се борам за привремената титула во лесна категорија

nurmagomedov-vo-borba-so-jonson

Хабиб Нурмагомедов (24-0, 8-0 УФЦ) најави дека ќе се бори за титулата на привремен шампион на УФЦ во лесна категорија.

28-годишниот Русин на УФЦ 209 би требало да се бори со Тони Фергусон (22-3, 12-1 УФЦ).

„90 отсто веќе се е договорено. Борбата за привремената титула е на 4 март на УФЦ 209 во Лас Вегас. Го чекаме неговиот одговор. Тој едно говори на Твитер, а реалноста е поинаку“, ја пренесува неговата изјава Sportbox.ru.

Нурамагомедов ги доби сите 24 борби во неговата кариера, а од дебито за УФЦ во јануари 2012 година нанижа осум последователни триумфи.

32-годишниот Фергусон само еднаш е поразен во 13 настапи за УФЦ. Тој е во серија од девет победи, во последното влегување во октагонот го победи поранешниот шампион Рафаел дош Ањош.

Првакот во лесна категорија, Конор Мек Грегор, по освојувањето на појасот сака да се земе пауза да биде со бремената девојка.

https://youtu.be/R-ioE9ypUUA

https://youtu.be/0-1mWyqmZDg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО