Кро Кап доби противник две недели пред борбата!

mirko-so-mikrofon-vo-rakata

Мирко Филиповиќ доби противник со кого ќе се бори за само 13 дена во четвртфиналето на турнирот на Ризин.

Откако Вандерлеј Силва отпадна поради повреда, Кро Кап чекаше замена за бразилската легенда со кого борбата ја продолжи преку социјалните мрежи.

„Драги пријатели, конечно добив противник за четвртфиналето на турнирот на Ризин. Денес или утре Ризин ќе го објави името на мојот противник, секако, јас го знам, но ред е прв да го објави тоа Ризин! Во секој случај верувам дека сите ММА фанови ќе бидат задоволни со изборот“, пишува Мирко на Фејсбук.

Објавата на Ризин се уште се чека. Настанот  на Ризин се одржува на 28 декември, а во полуфиналето и финалето на Нова година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО