Реваншот Поветкин – Вајт закажан за 6 март

Реваншот на Александар Поветкин и Дилиeн Вајт е закажан за 6 март, но местото каде ќе се борат се уште не епознато. Еди Херн вели дека опциите се Монако, Гибралтар и Блискиот Исток.

Првата битка меѓу нив се одржа на 22 август 2020 година во Велика Британија. Вајт се снајде многу добро, но во петата рунда Поветкин успеа да го нокаутира. Искусниот ветеран од Русија му ја одзеде привремената титула на ВБЦ и го врати назад на листата.

Вајт се раздели со серија од 11 последователни победи и ги олади неговите страсти за неоспорната титула. Сега е пред втора шанса и верува дека може да се реваншира. Ова е битка во која мора да победи.

Поветкин се опорави од Ковид-19 и има скор 36-2-1 во рингот. Нокаутираше 25 ривали. Во меѓувреме, Вајт има учинок од 27-2, притоа нокаутира 18 противници.

https://www.youtube.com/watch?v=Fww0MnkWAJE&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО