Ретки снимки од тренинг на Роки Марчијано (ВИДЕО)

Иако Флојд Мејведер е со импресивен рекорд од 49 победи и 0 порази во историјата има еден боксер кој го постигнал тоа многу пред него.

Едно од вдахновенијата за филмот „Роки“, „Rock from Brockton“ Роки Марчијано во историјата е еден од најголемите шампиони на сите времиња. Познат по срамежливиот и досаден стил, тој е доста ситен (1,79см) во споредба со денешните стандарди во тешка категорија, но успева ја одбрани титулата шест пати по ред и да забележи импресивен рекорд од 49 победи и 0 порази, од кои 43 се со нокаут.

Покрај тоа, три години по ред го добива признаието „Фајтер на годината“ на списанието „Ринг магазин“ меѓу 1952 и 1954 година. Во 2006 година ЕСПН ја објави неговата победа со нокаут од 1952 година над Џерси Џо Волкот како најголема.

За жал, во август 1969 година предвреме згасна животот на членот на „Куќата на славните“, кога со приватен авион се урна поради лошите временски услови, додека се обидувал итно да слета во Ајова. Имаше само 45 години.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО