БК Подогорица е нов член на Регионалната бокс лига

Боксерскиот клуб Подгорица од Црна Гора е новиот член на Регионалната боксерска лига (РБЛ) од следната сезона, тоа беше одлучено на состанокот на челниците на БС ЦГ и РБЛ во која сега се натпреваруваат седум клубови од четири држави.

„Како што знаете, овие денови имавме средби со гостите од Србија и од Хрватска, со делегацијата на Регионалната лига која изрази интерес за учество на нашите екипи во ова натпреварување. Деталите ги договоривме и со задоволство може да соопштам дека БК Подгорица од следната година ќе учествува во ова натпреварување“, рече претседателот на БСЦГ Блажо Шарановиќ и додаде:

„Во моментов ние сме целосно согласни дека БК Подгорица ги исполнува условите за учество во овој ранг на натпреварување. Сепак, тоа не ги ограничува нашите преостанати клубови во наредниот период да се вклучат во Регионалната лига. Ние од Сојузот сме подготвени да пружиме поддршка на којбило клуб што ќе изрази интерес“.

Проширување на Регионалната лига во Црна Гора е само уште еден чекор во популаризација на ова натпреварување, а во корист на балгородната вештини во земјите од поранешна Југославија:

„Лигата почна со шест екипи, оваа сезона ги има седум. Завршена е полусезоната, одработени се шест кола и продолжуваме во септември, а сезоната трае до декември. Од февруари следната година се надевам дека ќе имаме десет клубови, бидејќи наредниот месец се очекува вклучување и на претставник од Словенија. Многу ми е драго што Црна Гора веќе прифати да се натпреварува со БК Подгорица. Тоа ќе им даде уште едно повисоко ниво на нашата лига, која има за цел преку масовноста на површината да исфрли некој од боксерите на земјите од регионот кој на Европско или на Светско првенство, а можеби и на Олимписките игри, ќе освои медал. Тоа за нас ќе биде огромен успех“, изјави Јурица Рунтиќ, претседателот на Регионалната бокс лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО