Репрезентацијата за деца и кадети отпатува на Балканското првенство во борење во Словенија

Репрезентацијата на Македонија во борење вечерва отпатува за Мурска Субота, Словенија, каде што ќе се одржи ворото Балканското првенство за деца и кадети на 4 и 5 ноември.

Мислам дека ќе освоиме 4-5 медали. Во оваа конкуренција нема многу разлика, речиси сите се на исто ниво од Балканот, вели тренерот на репрезентацијата Давор Тасев.

Во екипата се и тренерот на репрезентацијата Седат Бафтија и судијата Марјан Лазаров.

Во пионерска конкуренција ќе настапат:
-35 кг Бесар Амети
-38 кг Стефан Штерјов
-42 кг Бесир Алили и Ненад Панов
-47 кг Аид Салихаси и Дарио Димитров
-50 кг Филип Тасев
-53 кг Мухамед Исмани
-59 кг Арбен Абази
-66 кг Арсим Бекировски
-73 кг Реџеп Ајдари
-85 кг Армен Рустеми.

Во кадетска конкуренција ќе се следните борачи:
-63 кг Орхан Џафери
-76 кг Бајрам Реџепи.

Во женска ќе не претставуваат:
-52 кг Олгица Коцева
-63 кг Бојана Лазарева.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО