Хадис Рмадани: На Светскиот шампионат очекувам добри резултати, подготвен сум како и секогаш да дадам се од себе!

Конечно и во сениорска конкуренција Хадис Рамадани ќе ги покаже талентот и кавалитетите што ги  поседува. Тој ќе настапи во сениорска конкуренција на Светското кик бокс првенство во Будсмпешта, Унгарија, од 6 до 12 ноември.

Нашиот репрезентативец во овој период направи седум професионални борби во Швајцарија, и сите ги доби, што е добра увертира пред СП.

За тоа што очекува на СП во Будимпешта Хадис вели:

„На Светскиот шампионат очекувам добри резултати. Има голема конкуренција во мојата категорија, но подготвен сум, како и секогаш, морам да дадам се од себе“.

Ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО