Ирфан Алиу: Со една недела и викенд подготовки не си оди на Светски шампионат!

Навикнавме од нашите картисти да слушаме за успеси на секое меѓународно натпреварувања, така беше и за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Тенерифе, Шпанија, а владеше оптимизам и кај самите натпреварувачи, што е добра особина пред голем настан. Во  полза на тоа одеше и сребрениот медал од Светското првенство во 2015 година кога ката тимот – жени стана светски вице првак. Но, за жал на сите нас, овој пат тоа не се случи, иако квалитетни натпреварувачи има. Од овие резултатите се изненадени и многу тренери, кои сакаа гласно да ги кжат нивните размислувања, се во насока да излезе посилно нашето карате.

„Атмосферата во која се подготвуваше репрезентацијата да замине на Светското првенство не беше добра  Се беше во стилот овој ќе оди – оној нема да оди, овој заслужува – оној не заслужува. Наместо да се фокусираат на децата (репрезентативците) тие водеа политика“, вели тренерот на КК Куштрими од Скопје Ирфан Алиу.

Тој гледа повеќе причини за неуспехот на Светското првенство, односно неосвојувањето на медал.

„Слаба подготовка од страна на репрезентативните тренери на техничко-тактички план. Со една недела и викенд подготовки не си оди на Светски шампионат. Пред СП шест месеци не треба да се отсуствува од тренинг, рецепт кој го кажуваше нашиот бокс репрезентативец и освојувач на бронзениот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година Азис Салиху. Прашањето сега е кој ќе ја перземе одговорноста? Не слушнав нешто такво“, истакнува поранешниот натпреварувач на Цветан Димов и репрезентативец на Македонија.

Сепак, една работа многу ја вчудоневидува, затоа што клубовите и тренерите во јавноста пласираат иформации по колку многу медали освоиле на на овие или оние турнири, а за официјалните шампионати нема таква еуфорија. За вкавата состојба Алиу нагласува дека тоа проблем не тренерите затоа што одат на слаби турнири.

„Некои клубови кои финансиски се јаки, имаат услови за да направат дбри резултати, но испаѓа дека нема кој да работи со децата“, тврди Ирфан.

Тој излезето го гледа во ангажирање на познати светски карате имиња за одржување на семинари и тренинзи, па и подготовки.

„Во оваа насока, а со потенцирање на негативните човечки особини на љубомора, зависност и несакњето да се научи нешто ново, ќе го спомнам семинарот на Алтун Алгаш, познато име во карате светот, кој го бојкотираа нашите тренер и официјални лица на КФМ. А кој ги користел неговите услуги има медали најголемите карате настани во светот. Наша среќа што со него наши луѓе имаат роднински врски, но поголема несереќа е зависноста и самобиендисаноста. Наместо да дојдат и да научат од каратистот кој освоил многу светски медали“, посочува Ирфан Алиу.

Во таа насока ќе ги спонеме и семинарите на Масао Кагава под чие раководтсво јапнските каратисти газат на сите натпреварувања.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО