Мек Грегор ги стави опциите на кантар и кажа кого го гледа како иден противник (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор последниве денови најмногу работи на промоцијата на документарниот филм „Конор Мек Грегор: Озлогласен“, но секој медиумско настап од шампионот на УФЦ се бара одговор на едно прашање – „Со кого ќе се бори во неговиот следен настап“?

Така најголемата ММА ѕвезда на денешницата мораше да одговара на ова прашање во разговорот  за ирскиот порталот entertainment.ie, а неговиот одговор би требало да задоволи поголем дел од навивачите.

„Знам дека во УФЦ има голем број на предизвикувачи. Постојат и оние меѓу боксерите. Но она што ме интересира е борбата во УФЦ, одбраната на мојата титула во лесна категорија. Постои борец со привремен појас и чувствувам дека тоа треба да следи. Ќе видиме како ќе се развиваат преговорите“.

Ноториус во оваа изјава повторно не го спомна името на Тони Фергусон, за што овој веќе му забележуваше, но сега сите и стави до знаење дека е многу блиску до настапот во октагонот, а не на оној во боксерскит ринг. Иако Фергусон е најлогички и најправеден избор, Конор е човек кој сака да има повеќе опции, па така во игра и понатаму остануваат некои други имиња.

„Трилогија со Дијаз исто така е во игра. Може да го бранам својот појас против Нејт, а можеби и може да наговориме еден од овие бокс противниците да зачекори во октагонот. Во игра е и боксерски меч, па има многу опции, но чувствувам дека треба да го легитимизирам појасот. Јас сум шампион, а има и привремен шампион – чувствувам дека тоа следи. Во моментов преговараме околу договорот и ќе видиме каде ќе не однесе тоа“, заклучи Мек Грегор.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО