Репрезентацијата во борење ќе настапи на „Јашар Догу“ во Истанбул

Сениорската репрезентација на Македонија во борење од 9 до 13 март ќе учествува на силниот Меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Истанбул, Турција.

Тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези во координација со спорсткиот директор Страшо Глигоров на подготовки за овој турнир ги повикаа:

1. Халил Зубаиров Вардар
2. Михаил Николов Балканец
3. Рамадан Мустафовски Тефејуз
4. Буњамин Нуиши Тефејуз
5. Бобан Савев Балканец.

 

БК Вардар официјално ја извести Федерацијата за боречки спортови на Макеоднија дека Халил Зубаиров нема да настапи на „Јашар Догу“ зашто ќе се бори на силен турнир во Буратија, а за возврат го нуди репрезентативецот Мохамедгаџи Нуров во категоријата до 97 килограми.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО