Репрезентативците во грчко-римски стил се на подготовки во Тетевен-Бугарија

Македонските репрезентативци во борење грчко-римски стил Љупче Митев и Стефан Митев се на подготовки во Бугарија во Олимпискиот центар „Олимпик“ во Тетевен.

Таму ќе се подготвуваат до 25 април, а по завршувањето на подготовките репрезентативците 26-28 април ќе учествуваат на Меѓународниот турнир „Петко Сираков – Иван Илиев” во Софија, каде што ќе им се придружат репрезентативците во слободен стил и женско борење за сениори до У-23.

Со нив е тренерот Севдалин Тодоров, поранешен борач на Спартак од Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО