Репрезентацијата во традиционално таеквондо ќе настапи со седум натпреварувачи на ЕП во Језоло–Италија

Македонската традиционална таеквондо федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски од 17 до 25 април ќе учествува на Европското првенство во Језоло–Италија.

Боите на нашата држава ќе ги бранат седум искусни натпреварувачи:

Софија Колушоска, црвен појас, ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми за црвен појас, борби – 50 кг (државен првак )

Хриситјана Парулеска, црн појас 1 дан, ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 50 кг (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022 год.)

Давид Крстески, црн појас 1 дан , ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 55 кг (државен првак и актуелен вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.)

Владимир Димитриевиќ, црн појас 1 дан, ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во спаринг борби – 60 кг (државен првак )

Елена Јанеска, црн појас 1 дан, ќе се натпревараува во јуниорки 16 -17 години во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 70 кг (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022 год.)

Давид Велковски, црн појас 1 дан, ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 71 кг (државен првак )

Божидар Димитриевиќ, црн појас 1 дан, ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 85 кг (државен првак )

„Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно , под будното око на националниот селектор Саша Поповски – црн појас 5 дан. Го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати. Според нивниот историјат на успеси, можеме да веруваме во нашите натпреварувачи. Тројца од нашата екипа се во одбрана на минатогодишниот успех од Европското првенство во Европа, каде станаа европски вицешампиони. Исто така, упорно се подготвуваа за повторно да се качат на пиедесталот, што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство. Сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали , па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман“, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.

Од федерацијата изразуваат благодарност до спонзорот „ПН метал“ и Општина Охрид за патувањето на ова ЕП.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО