Ренди Кутур сака Анте Дели да се сретне со Френсис Нгану во неговото деби во ПФЛ: Би платил за да ја гледам таа борба!

Нгану потпиша со ПФЛ и се очекува прво да боксира, а потоа да се врати во ММА следната година.

Откако Френсис Нгану потпиша за ПФЛ, нема крај на шпекулациите за тоа кој треба да биде првиот противник кога ќе реши да зачекори во кафезот. Се очекува прво да боксира, а потоа да се врати во ММА кон средината на следната година. Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ неодамна беше незапирлив – вклучувајќи ја и неодамнешната победа со нокаут над најголемиот во тешка категорија на сите времиња, Стипе Миочиќ.

Иако многу имиња кружат кога зборуваме за противници, некако се надеваме дека прв противник на Нгану би можел да биде актуелниот шампион на промоцијата, Анте Делија. Иако Хравтот сигурно не би бил фаворит во таа борба, парите кои би ги заработил секако се нешто што го заслужил со оглед на тоа низ што помина во кариерата.

Настрана од тој аспект, ова секако би била одлична борба, барем ако го прашате Ренди Кутур, кој изјави дека ова е меч за кој би дал пари за гледање.

„Анте Делија на одличен начин го освои минатогодишниот турнир. Разбра што треба да се подобри во тренинзите, подготовките и планирањето на борбата за да ја помине целата регуларна сезона и да стигне до плејофот и појасот, а тоа е борба која би сакал да ја види. Тој е тежок и сестран борец, тоа би било одлична борба. Би платил да ја гледам таа борба, дефинитивно“, изјави тој.

Фабрицио Вердум и Бен Ротвел веќе се пријавија да се борат со Нгану, а Кутур очекува многу други тешкаши да „кренат раце“ откако „Предатор“ се согласи на загарантирана сума од 2 милиони долари за неговите противници.

„Сигурно има многу тешкаши на кои ќе им истече договорот и ќе сфатат дека ако се доволно добри и имаат храброст да се борат со Френсис, им се гарантирани подобри пари отколку што кој било друг веројатно некогаш ќе им понуди. Тоа е навистина уникатна и интересна работа за која Френсис мора да преговара во неговиот договор, веќе го привлечевме вниманието на многу други промоции“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО