Рељиќ и Бадаровски на ЕП во таеквондо во У-21, Ефтимов очекува медал од Мила

Милијана Рељиќ (-62 кг) и Горјан Бадаровски (+87 кг) од Тигри ќе ги бранат боите на Македонија на Европското таеквондо првенство до 21 година (У-21) во Букурешт, Романија, кое почнува денес и ќе трае до недела.

Борбите на нашите репрезентативци се во недела.

„Очекувам медал за Мила“, вели тренерот Александар Ефтимов и нагласува: „Ова не е Г1 турнир и нема да има ранкинг, па ќе ја видиме жрепката во сабота вечер.

Ефтимов истакнува дека Горјан Бадаровски минатиот месец прв пат искусил Г турнир, при што покажал одлични борби и од него очекува добри резултати.

„На минатото Европско првенство до 21 година, лани во Албанија, Мила заврши на 5-тата позиција, иако и таму имавме огромни шанси за медал. Но, лани во 1/4 финалето се боревме со извонредната Вивијана Мартон од Унгарија, една од двете близначки кои оваа година ја обележаа со многу медали. Најголема конкуренција на ова Европско првенство очекуваме да ни бидат сестрита Луана и Вивијана Мартон, иако и останатите 30 натпреварувачки во категоријата на Мила не се за потценување и се одлични“, нагласи Ефтимов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО