Рашад Еванс: Мајк Тајсон можеше да биде шампион во ММА (ВИДЕО)

Рашад Еванс почна да размислува за враќање во ММА и најверојатно ќе го видиме повторно во кафезот, само една година откако објави дека се повлекува од ММА. 40-годишниот поранешен шампион во УФЦ има скор 19-8-1 во ММА и е во серија од 5 последователни порази, од кои 2 се со нокаут и 3 со судиска одлука. Во последната борба во јуни минатата година изгуби со тежок нокаут од Ентони Смит на УФЦ 225 и најави неколку дена подоцна дека прекинува со борбите.

Сега, Еванс размислува за повеќе борби и понатаму продолжува со легендарниот шампион во бокс, Мајк Тајсон, кој му дава вредни совети, за да ги искористи во боксот. Во интервју за ТМЗ, Еванс изјави дека Тајсон лесно би бил ММА шампион.

„Разговаравме за многу работи и го прашав за неговиот стил со криење. Ова е нешто што го користам, или барем дел од тоа, во ММА. Му поставив прашања, а тој ми даде совет. Тој е господар на овој стил и ми кажа да ја движам главата.

Мислам дека тој би бил неверојатен во ММА. Сака да се наведнува и така може да ги доведе во заблуда противниците и ќе тргне на соборување, но во исто време ќе удира. Знаете, кога Тајсон го правеше ова, тој веднаш задаваше лево кроше па десно, и со нив ја запираше моќта на неговите противници.

Да, секако, можеше да биде шампион во УФЦ. За Мајк дознав дека е како сунѓер и знае сè. Тој ќе научи сè. Нема сомнение дека би бил успешен во секој аспект на спортот. Тајсон е најдобар. Двајцата добро се забавувавме заедно и уживавме во заедничкото време“, рече Еванс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON