Рамадан Шабани го освои вториот сребрен медал на Светското првенство за Македонија

Рамадан Шабани вториот сребрен медал за Македонија на Светското првенство во борење слободен стил во Скопје во Д-категорија до 78 килограми,откакао во финалето беше поразен со 0-2 од Турчинот Исмаил Аби.

Претходно Шабани славеше против Казахстанецот Трупалали Сулиманов со 6-2 и во полуфиналето го тушираше Јапонецот Кацуја Отикаваа првата борба ја доби службено.

Исмет Феруки (88 кг) во борбата за брозениот медал протев Ерелар Феизулаев од Русијазагуби со 1-4.

Иса Фејзула (130 кг) ги загуби двете борби, а му претстои уште една, но тој ќе го освои бронзениот медал, бидејќи има само тројца борачи.

Тони Танчев (88 кг) со технички туш беше поразен во Ц-категорија од Унгарецот Кароли Сипеки за бронзениот медал.

Да потсетиме дека вчера Трајан Ангелов освои сребрен медал, а Игор Мицевски бронзен.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО