Ракиќ: Сега сум фокусиран на борците од врвот!

Александар Ракиќ (12-1, 4-0 УФЦ) воодушеви во саботата на настанот на УФЦ во Стокхолм.

27-годишниот српско-австриски полутешкаш за само 42 секунди го нокаутира ветеранот Џими Манува.

Потоа се извини на публиката за првичната реакција по нокаутот, кога и даде знак да молат, бидејќи Џими спиел.

„Кога го добив името на Џими Манува бев среќен што УФЦ ми даде рангиран противник. Но, од друга страна, долго време го познавам Џими, заедно трениравме и го почитувам како борец и како личност. Ова е само бизнис“.

„Ова беше кратка борба и таа комбинација често ја изведувам поради моето кик бокс минато. Работев на левиот ножен удар по десниот аперкат. Се чини дека го погодив на вистинското место во вистинско време“.

Мнаува беше рангирана на 11-тото место на УФЦ во категорија до 93 килограми, а Ракиќ се надева дека сега ќе ја заземе неговата позиција и ќе го продолжи пробивот кон врвот.

За следната борба организацијата за него има многу опции – тука сет Џони Вокер, Илир Латифи, Кори Гејдерсон или Гловер Тешеира.

„Мислам дека сега ќе ја заземам позицијата на Манува. Тој беше 11-ти и сега ќе го заземам неговото место и ќе се борам со неколку рангирани борци за да стигнат до врвот. Јас сум голем предизвик за тие момци и јас доаѓам. Немам ниту едно име посебно да издвојам, но сум фокусирам на борците во првите 10“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО