Рајан Бадер: Јас имав добра ноќ, а тој и понатаму е еден од најголемите

Рајан Бадер со големо почитување спрема Федор Емилијаненко ја коментираше неговотоосвојување на шампионскиот појас на Белатор во тешка категорија, нокаут победата токму против руската легенда.

Не траше долго борбата на Бадер и Емелијаненко. Половинаминурта се меркаа и бараа дистанца, а потоа се се заврши за неколку секунди, односно по првиот сериозно упатен удар. Тој го упати Бадер, заврши директно во брадата на Емелијаенка и за брзовреме  се беше готово. Бадер дојде до победата со која го освои турнирот за Големата награда во тешка категорија.

„За почеток би сакал целата сала да го поздравува овој човек. Вечерва имав добра ноќ, но неговата кариера е вистинска приказна. Еден е од најголемите кои некогаш се занимавале со овој спорт и чест ми е само и да бидам со него во кафезот. Да се освои титулата во тешка категорија во борба против него е голема работа“, рече Бадер веднаш по победата.

На појасот во полутешка категорија го придодаде и овој во тешка, која долго време немаше сопственик. Се надеваме дека сега побрзо ќе дојде до следната борба за тешкашката титула, но Бадер има уште една. Поради беше запрашан дали има намера да ги брани и двете или една ќе ослободи.

„Се разбира дека сакам да ги бранам и двата појаси, ако е можно“, рече Бадер, првиот истовремен шампион на Белатор во две категории.

Појасот во полутешка категорија нне го бранел повеќе од една година. За среќа, ситуацијата во категоријата е таква што не се појавија многу предизвикувачи, но секако дека следната битка ќе треба да ја одработи во категоријата до 93 килограми. Што се однесува до противникот, Вадим Немков моментално делува некако како единствена вистинска предизвикувачка опција. Би било прекрасно да се види таа борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО