Рафаел Физиев се надева дека Џастин Гејџи ќе влезе во борбата со размислување за војна, а не само фокусирање на победа по секоја цена.
Во коглавната борба на УФЦ 313 Физиев ќе се соочи со Гејџи пополнувајќи го местото на повредениот Ден Хукер. Самиот Физиев се враќа по една ипол година пауза предизвикана од повредата на коленото здобиена во пресметката со Матеуш Гамро.
„Цело ова време чекав борба, чекав предизвик. Не се пријави доброволец, па сам ја донесов одлуката. Се задржав во форма затоа што знаев дека наскоро ќе се борам – никој не сакаше да се бори со мене.
Ми се допаѓа овој Џастин кој оди напред, кој сака да го направи октагонот свој дом, своја територија. Ова е она што го чекав во првата борба. Јас отидов во војна, а тој до победа. Ако овојпат излезе со воен менталитет, тоа ќе ме направи посреќен“, рече Физиев.