Канело зборува пред првата борба во Ријад: Му благодарам на чичко Турки Алалших

Сoл Алварез – Канело е на светската боксерска сцена речиси две децении и продолжува да биде меѓу најголемите имиња во спортот. На прес-конференцијата во четвртокот на Радио сити ммјузик хол во Њујорк зборуваше за претстојната борба на 3 мај со Вилијам Скал. Борбата ќе биде значајна бидејќи Канело првпат ќе се бори надвор од Мексико или САД, а местото на одржување е Ријад, Саудиска Арабија.

Оваа борба за обединување на титулата во супер средна категорија ќе биде различна за Канело бидејќи ќе се одржи во земја која до сега не била особено поврзана со боксот. Ова додава уште едно ниво на возбуда бидејќи Канело ќе ги избегне традиционалните места за борби како што се Лас Вегас и различни локации во Мексико.

„Се чувствувам одлично. Ова ме мотивира да се борам во друга земја. Се чувствувам одлично поради тоа. Оваа борба ми е многу важна. Никогаш ништо не сфаќам лесно“, изјави Канело. Тој со насмевка додаде и благодарност до неговиот чичко Турки Алалших.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО