АктуелноБорењеДомашна сцена
Во Радовиш е откриен споменикот „Биста на борачите”

Денес во Радовиш беше откриен споменикот „Биста на борачите” донација од фирмата „Адора инженеринг“ на чело со проф. д-р Ванчо Чифлиганец.
Споменикот е во чест на шампионската генерација на „Бучим Јака“ која стана европски шампион во 1995 година.
Од претставници на рудникот Бучим за најмалите борачи имаше новогодишни пакетчиња.
Од БК Бучим изразија голема благодарност до Општина Радовиш за прекрасната локација за спомен обележјето, како и до сите учесници за беспрекорната организација.
Фото: Радовиш њуз/ БК Бучим



