Пуликсенија Јованоска: Некако силно верував дека можам повеќе!

Puliksenija na EP 2016

Најпријатното изненадување на Европското првенство во карате за сениори во францускиот град Монпелје, за малку ќе беше и историски најголем успех на македонското карате во изведба на кати во поединечна конкуренција. Иако погледите беа свретни кон ката тимот, во кој и таа е член, Пуликсенија Јованоска се изгдигна над очекувањата и во поединчена конкуренција стигна да се бори за бронзениот медал на Европскиот шампионат. За жал на сите нас, а посебно на нејзе, не успеа во таа намера, но го оствари највисокиот поединечен пласман во кати.

ams-monpelje

„Докажав дека Македонија може високо да котира и во поединечна конкуренција“, вели Пуликсенија Јованоска и додадава: „Само треба силна верба во самиот себе и желба за успех“!

Досега, најголемиот пласман Јовсноска на големите натпреварувања било седмото место.

„Некако силно верував дека можам повеќе. И ете, за прв пат Македонија доби полуфинале во кати индивидуално и е петопласирана. Презадоволна сум од постигнатото“, тврди каратистката на КК Ронин од Прилеп.

Таа во пресметката за бронзениот медал се сретна со репрезентативката на Италија Вивијана , неколку кратен европски шампион, но дали можеше и повеќе против реномираниот противник.

„Мечот беше против трофејната италијанкаа Вивијана Ботаро, која неколку пати е европски шампион и сакав само да извежбам најдобро што можам“, нагласува Пуликсенија.

Puliksenija so blizanckite

На првенството немаше лесни противници, а во полуфиналето беше поразена поразена од сегашната шампионка Санчез од Шпанија. Логично и неизбежно да се подготвуваат тактики за победа и над најголемите противници, за да се замеша во распределбата на медалите. Пуликсенија вели дека сите посакуваат победа и се надева дека нредниот пат таа ќе слави.

После натпреварот изведбите се анализирани и за успехот еден е заклучокот: „Уште поголема работа и уште поголема посветеност“.

По добриот настап на ЕП во Франција апетите пораснаа и на маса за висок пласман се става Светското првенство во Австрија.

„Скромноста на прво место. Не би предвидувала ништо“, категорична е Пуликсенија.

Резултати на Јованоска на ЕП 2016

Јованоска – Лина Ваглунд – Шведска со 4-1,

Јованоска – Марија Фурсава – Белорусија 4-1,

Јованоска – Вероника Мишкова – Чешка 3-2.

Јовансока – Сандра Санчез – Шпанија 0-5 во полуфинале

Јованоска – Вивијана Ботаро – Италија 0-5 – репасаж, за бронза

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО