Пуликсенија Јованоска го освои петото место на Европскиот шампионат

Пуликсенија Јованоска го освои петото место на Европското карате првенство за сениори во кати. Во директната пресметка за бронзениот медал загуби од Александра Ферачи од Франција.

Јованоска за изведбата доби 25,46 поени (17,78 + 7,68), а Ферачи 26,08 (18,34 + 7,74).

Ова е голем успех за Јованоска, што го повторува на европските шампионати.

Во втората пресметка за бронзата Дилара Елтемур од Турција со 26,32 поени беше подобра од Вероника Мискова од Словачка која доби 24,82 поени.

Емил Павлов (-60 кг) е последниот наш адут за медал кој вечерва се бори со Романецот  Флорин Гоголоси.

Резултати
Kати
Пуликсенија Јованоска
-23,8 поени (16,66 + 17,4) – прва во 4 група
-23,98 поени (16,66 + 7,32) – трета во втората фаза, прва е Сандра Санчез (Шпанија) со 25,74 поени а втора е Дилрара Елтемур (Турција) со 24,94 поени
-24,22 поени (17,08 +17,4) – трета во третата фаза, повторно Санчез прва – 27, 64 и Елтимур втора – 25,74

За бронзен медал
Пуликсенија Јованоска – Александра Ферачи (Франција) 25,46 – 26,08

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО