Победи на Корешков и Шилинг на Белатор 219 (ВИДЕО)

Андреј Корешков (22-3), по поразот од Даглас Лима во четвртфиналето на Гранд прито се врати во кафезот на Белатор 219 во Темекул.

Поранешниот шампион во велтер категорија со едногласна одлука на судиите ја победи замената Мик Џаспер (13-5) во неговото деби за Белатор.

Поранешниот борец на Глори Џо Шилинг (4-5) на ист начин го совлада Кит Бери (15-15-1).

Во првата борба од октомври 2017 година и тешка несреќа со моторцикл поранешниот првак во перолесна категорија Даниел Штраус со давење од позади во првата рунда славеше против Шејн Кручен (12-5)

Во главната борба на вечерта Брендон Гриц (16-8) со едногласна одлука славеше против Саад Аслад (23-11).

https://www.youtube.com/watch?v=cEaakPxGRk8

https://www.youtube.com/watch?v=Bu2T8uaA1bg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО