Кубрат Пулев – Кобра е уверен дека дури петмина како Хјуи Фјури да му излезат на рингот тој ќе си замине како победник.
Кобрата се соочува со 24-годишниот Британец на 27 октомври во Арената Армеец во Софија. Дуелот е клучен за развојот на кариерата на 37-годишниот Бугарин. Победа ќе му овозможи да го предизвика Ентони Џошуа за појасот на ИБФ во тешка категорија, додека пораз ќе го врати назад на светската ранг листа, а може да се стави и крај на неговиот сон за освојување на титулата.
„Мислам дека ќе бидам многу комотен, затоа што ја има потребната висина. Овој тип на боксери ми одговара. Ќе падне. Ги сакам предизвиците. Не се секирам и петмина како него да ми излезат во рингот, но што ќе парви тој сам. Мислам дека сум подобар, но ќе го покажам тоа во рингот. За да ме победи, треба да ме убие“”, изјави Пулев во емисијата „Без ракавици“ на Диема спорт.
Одговорот на Фјури не задоцни: „Ќе го убијам“.
„Не сакам да го убијам, туку да го победам. Не сакам ниту да го нокаутирам, ниту да го убијам. Ќе бидеме пријатели и пред и по мечот. Ќе те откажам не од боксот, туку од самата борба. Јас сум поголем техничар. Секогаш си добредојден во Бугарија. Ние сме гостопримливи луѓе, од мојот штаб ќе се поггрижат за него, но во рингот нема да има гостопримство. Имам големо искуство во аматерскиот бокс, имам кршени раце, многу повреди и така си ги донесов заклучоците. На ова ниво искуството е непроценливо. Подготвен сум. И тука во студиото, ако ни дадат ракавици можеме да почнеме“, додаде Пулев.