Тимот на Вајлдер не верува дека до борба со Џошуа ќе дојде во 2019 година

Еди Херн и неговиот татко Бери се обидуваат да ги продолжат преговорите за борба меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.

Но, застапиниците на Џошуа добија одбивен одговор.

„Испратив три и-меила на Бари во кои велам дека немам потреба да се состанувам со него ако добијам вистинска понуда за борбата на Вајлдер и Џошуа“, рече советникот на Вајлдер Шели Финкел за Скај спорт.

„Тој и јас сме долго време во овој бизнис, така што и двајцата знаеме како треба да изгледа таа понуда“.

„Тимот на Ентони Џошуа не е заинтересиран за борба која ја сака публиката, а која ги поддржува. Да ги интересира мислењето на публиката би ги следеле резултатите од анкетата кои и самите ја креираа. Јавноста проговори, а исто така и Џошуа“.

„Каде е таа нова понуда? Ја нема“.

„На тенок мраз сме, (шансите се мали до никакви) што би рекол Дон Кинг. Слушнете, се зависи од нив. Ако се сериозни, пак ќе ни се јават. Во овој момент не се. Знаат дека нема да се бориме за износот што ни го даваат тие и без клаузула за реванш, иако веруваме дека Вајлдер ќе го нокаутира на Џошуа“.

„Во борба со ваква големина не влегувате без клаузула за реванш. Тоа им беше во ред за борбата со Владимир Кличко, зошто не и со нас“.

„По тоа, како што стојат работите сега, до борба нема да дојде во 2019 година. Колку што разбирам, тие прво сакаат да се борат со Дилиен Вајт, а потоа сп Александар Усик, ако овој го победи Белју. Таа борба би требало да се одржи наесен, така што, ако тоа е точно, тогаш до борба со Вајлдер нема да дојде идната година“.

„Еди Херн може да вика колку што сака, но јас цврсто верувам дека ако нешто толку многу го сака тоа и ќе го оствари. Ако не сака, тогаш и нема“.

Вајлдер на 1 декември го брани ВБЦ појасот против Тајсон Фјури, додека следниот меч на Џошуа е најизвесен за април, ако во меѓувреме не се договори со Вајлдер, реваншот со Дилиен Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО