Пулев ја одбрани титулата, за ИБФ шампион со победникот од Џошуа-Кличко (ВИДЕО)

Кубрат Пулев ја добрани интерконтиненталната титула на Светската боксерска асоцијација против Кевин Џонсон и стана официјален кандидат за шампионската титула на ИБФ, која ќе се одлучи на 29 април во мегаспектаклот на Ентони Џошуа и Владимир Кличко.

Пулев не можеше да го нокаутира Кевин Џонсон (30 победи, 14 со нокаут, 8 порази и 1 нерешен), но сепак го победи со судиски одлука, откако Американецот на впечатлив начин издржа 12 рунди на рингот против бугарскиот борец. Сепак, на поени Пулев успеа да стигне до победата релативно комотно и убедливо, со што беше ставен совршен крај на галавечерта „Последно одбројување“ во „Арената Армеец“.

Пулев има 26 натпревари во кариерата, а во 25 од нив излегол како победник, 13 пати со нокаут. Единствениот негов пораз е со нокаут од Владимир Кличко кон крајот на 2015 година при обидот да стане светски шампион.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО