Хакер барал откуп од Кро Кап: „Ако го најде полицијата, ќе дознаам кој е, а тогаш – ќе му ја расплакам мајката! (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ повторно ја презеде контролата на својот Фејсбук профил, откако три до четири недели помина без него.

Хакерот кој се осмелил да се закачи со легендата на боречкиот спорот, како што открива самиот Кро Кап, барал откуп и тоа на англиски јазик, иако Мирко верува дека се работи за некој од Хрватска.

Случајот е пријавен во полиција, а главниот одговорен на Филиповиќ преку последното видео испрати јасна порака на предупредување.

„Избришани ми се околу четири и пол илјади пријатели. Јас никого не избришав. Гледам дека на месинџерот ми стигнуваа пораки, „Мирко зошто ме избриша“, но јас никого не сум избришал. Тоа го направи лицето кое го хакира профилот, некое магаре на кого очигледно му било досадно. Ми бараше откуп на англиски јазик. Беше логиран на мојот профил под арапско име, некој Салах, сега не го знам на памет. Се разбира, тоа го правел некој од Хрватска, па сега фрла по некоја фора. Се јави од некој интернетски број од Америка. Полицијата го бара. Ако го најдат – добро, ако не, тогаш повторно добро. Да бидам искрен, подобро е да не го најдат. Ако го најде полицијата, јас ќе дознаам кој е, а тогаш – мајката ќе му ја расплакам. Навистина треба да бидеш тежок морон“, изјави Филиповиќ кој од сега повторно ќе биде во можност да го користи Фејсбук за комуниција со многуте свои фанови.

https://www.facebook.com/mirkocrocop777/videos/vb.100003495112805/1216513561808469/?type=2&theater

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО