Џошуа потежок од Кличко за 4 килограми

Шампионот на ИБФ, Ентони Џошуа, е потежок занешто повеќе од 4 килограми од предизвикувачот Владимир Кличко пред утрешната пресметка на Вембли во Лондон.

Непоразениот Британец имаше 113 килограми на официјалното мерење, додека Кличко имаше нешто под 109 килограми.

27-годишниот Џошуа ја брани својата ИБФ титулата и се надева дека ќе ги додаде слободните ВБА-супер и ИБО појаси пред 90 илијади фанови во Лондон. 41-годишниот Кличко беше самоуверен пред 5 илјади фанови на мерењето.

„Имам чувство, сабота ќе биде мојата вечер. Ова е голем чекор напред за Џошуа. Тој не боксувал со квалитетни боксери како мене и ќе биде голем предизвик“, изјави Кличко, кој според букмејкерите е аутсајдер.

Џошуа се заблагодари на фановите и најави дека оди на победа.

„Кога си пред меч, размислуваш само на едно нешто. И покрај сите прекрасни луѓе, гледаш само кон противникот“, вели Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО