Пулев во 2015 година против Фјури или Чисора

206

kubrat-pulev-boks-trenirovka

Ѕвездата на бугарскиот професионален бокс, Кубрат Пулев, објави дека ќе се врати на рингот посилен од кога било. Пулев планира повторна средба во почетокот на 2015 година. Во интервју за World Boxing News, Кубрат Пулев прецизира дека ќе се сретне соТајсон јури или со Дерек Чисора .

 Во ноември Бугаринот загуби од Владимир Кличко со нокаут во 5 рунда, но битката меѓу нив двајцата продолжи и по мечот.

На прашањето за можноста повторно да се сретне со Владимир Кличко во рингот, бугарскиот боксер одговори:

„Да , би сакал реванш. Знам дека, сепак, тој не би се согласил, бидејќи среќата нема секогаш да е на негова страна“.

 „Се надевам дека ќе се вратам во почетокот на 2015 година и ќе се борам со Тајсон Фјури или Дерек Чисора. Мислам дека и двајцата се во можност да го поразат Кличко. Се е прашање на правилна стратегија , тактика и шанса. Тие се борат добро и се двете можности за натпревар со мене“, рече бугарскиот боксер .