БоксДомашна сцена
Првата и Младинска бокс лига ќе почне на крајот на март
Управниот одбор на Боксерската федерација одлучи Првата и Младинска лига да почне на крајот на март во формација 6 + 2 кола и според правилата на Светски бокс (Ворлд боксинг).

Управниот одбор на Боксерската федерација одлучи Првата и Младинска лига да почне на крајот на март во формација 6 + 2 кола и според правилата на Светски бокс (Ворлд боксинг).
Исто така, донесена е одлука искусните боксери да одат силните турнири и првенства каде што ќе се брка олимписка норма, а помладите на турнирите во регионот за да стекнуваат искуство.
Календарот на федерацијата е усогласен со Опен Блакан купот.
Формирана е комисија за организација на Златниот гонг, а годишното Собрание ќе се одржи идниот викенд, на 28 февруари во Куманово.



