АктуелноБорењеДомашна сцена

Боречкиот клуб Вардар 1961 остро реагира на изборот на репрезентативки за подготовките во Косово

„На прашање до надлежните во Боречката федерација наидовме на одговор дека самите тренери по нивни „ќеф“ си го прават изборот. А, изборот е секако на борачки од клубовите блиски на тренерите каде што има од исти клуб и по три-четири девојки, додека другите клубови треба да се информираат од портали. Овој случај нема да го оставиме така, ќе го истерам до крај“.

Од БК Вардар 1961 остро реагираат на тоа што во неколку наврати минатата година на неколку кампови во Косово не беа поканети нивните репрезентативки, посебно Неда Урошевска.

Со самиот избор на репрезентативки, велат од Вардар 1961 се прави дискриминација на нивните борачи.

„Ова не е прв случај на вакво нешто. И минатата година реагиравме, особено за турнирот во Грција и Европското првенство во Италија, на кој на нејзино место, без наше знаење, беше однесено друго девојче во истата категоријата во која нашата членка е државен првак“, вели тренерот на Вардар 1961 Игор Неделковски и нагласува.

„На прашање до надлежните во Боречката федерација наидовме на одговор дека самите тренери по нивни „ќеф“ си го прават изборот. А, изборот е секако на борачки од клубовите блиски на тренерите каде што има од исти клуб и по три-четири девојки, додека другите клубови треба да се информираат од портали. Овој случај нема да го оставиме така, ќе го истерам до крај“.

„Во консултација со селекторот на репрезентацијата на Косово по женско борење наидов на истиот одговор дека изборот си го прават двајца тренери од Македонија, секако со дозвола од Боречката Федерација“, вели Неделковски.

Тренерот на Вардар 1961 реагира затоа што оваа година екипно се трети за 2026 година во женска конкуренција.

„Ние сме една од движечките сили во женското борење и не може нашиот клуб туку-така да биде игнориран во изборот за репрезентативки во женско борење, без да знаеме кој е тренер (селектор). Зошто е тоа така да наидуваме на одговори во завиена форма“ изјави Неделковски, нагласувајќи дека ќе ја истераат правдата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON