Набргу откако со фантастичен настап го детронизира Дионтеј Вајлдер, Тајсон Фјури го повика татко му Џон и со него ги сподели првите впечатоци од арената МГМ Гранд гарден во Лас Вегас.
Фјури е број 1 тема во светот во боречкиот свет. Брилијантната изведба со која го детронизираше „Бронзениот бомбардер“ воодушеви многумина, а еден од оние што веруваа во исходот уште од почетокот беше таткото на Тајсон, Џон.
Постариот Фјури не беше во салата таа вечер, но затоа веднаш по мечот разговараше со својот син.
„Сите се прашуваа што правам на оваа килажа. Вечерва имав 123 килограми. Слушајте тате, бев прејак за него. Имав 18 килограми повеќе. Му го разбив увото. Исчезна, никогаш не се опорави од првиот нокдаун”, зборуваше на мобилниот телефон Фјури и продолжи:
„Дали тоа изгледаше добро на телевизија? Тате, јас сум вториот маж во историјата кој два пати ја освоил титулата на магазинот „Ринг “. Јас и Мухамед Али. Не е лошо, зарем не?” , Фјури возбудено му рече на својот татко.
Целосното интервју на Тајсон и Џон можете да го видите подолу.