Дали е ова еден од најбизарните изговори досега? Вајлдер открива голема причина за поразот од Фјури! Ќе има трета пресметка

Дионтеј Вајлдер се огласи уште еднаш по мечот во кој остана без титулата на ВБЦ и сега откри помалку и бизарна причина за неговиот пораз во борбата со Тајсон Фјури.

Вајлдер воопшто не се сомнева и веднаш дава до знаење дека ќе се случи трет меч со Фјури. И покрај тоа што беше комплетно издоминиран за време на викендот, „Бронзениот бомбардер“ очигледно сметадека тоа не е вистинското негово издание и дека има многу повеќе да понуди.

„Реваншот дефинитивно ќе се случи. Одиме на тоа и сакам веднаш да се оддадам на таа работа”, изјави Валдер во интервјуто за Атлетик и така откри дека веднаш ќе ја активира клаузулата која му дава право на нова средба со Фјури.

Освен тоа што не се согласува со одлуката на помошниот тренер Марк Брејланд да го прекине дуелот со фрлање на крпата во седмата рунда, Дионтеј сега тврди и дека виновник за неговиот пораз е спектакуларниот костим со која влезе во рингот!

„Воопшто не ме повреди, но факт е дека мојата униформа беше претешка. Од самиот почеток ги немав нозете, а во третата рунда скроз се изгасија. Многу луѓе ми велат дека виделе дека нешто не е во ред со мене, но морав да се преправам во рингот дека се е во ред. Дадов се од себе, знаев дека немам нозе заради таа униформа. Само ја испробав, и тоа прв пат, во ноќта пред борбата. Не мислев дека ќе биде толку тешка. Имаше 18, можеби и повеќе килограми со шлемот и со сите батерии. Сакав да му оддадам почит на Месецот црнечката историја. Сакав тоа да биде одлично, но изгледа дека го ставив пред сè друго“, се пожали Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО