Сехудо ја брани титулата на УФЦ против Алдо

Жозе Алдо (28-6, 10-5 УФЦ) уште еднаш ќе добие шанса да стане шампион во УФЦ.

33-годишниот Бразилец на 9 мај на домашен терен во Сао Паоло ќе го предизвика шампионот во бантам категорија Хенри Сехудо (15-2, 9-2 УФЦ).

Иако во полседниот меч загуби од Марлон Мораеш во дебито до 61,2 килограми со поделена одлука на судиите, општо мислење е дека Скарфејс требаше да го добие тој меч.

Сепак, Алдо, кој два пати беше првак во перолесна категорија, е во серија од два порази бидејќи изгуби и од Александар Волкановски минатиот мај, по што одлучи да се спушти во бантам.

Сехудо во последната борба во јуни го нокаутира Марлон Мораеш во третата рунда во мечот за испразнетата титула во бантам. 33-годишниот Американец беше шампион во две категории, но во декември ја ослободи титулата во мува категорија.

http://www.croring.com/news/cejudo-brani-ufc-ov-naslov-protiv-josea-alda/25713.aspx
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО