Хелвани откри: Приказната е во повој, но се знае кој е фаворит во трката за противник на Мек Грегор

Долго време се шпекулира за тоа кој ќе биде следниот противник на Конор Мек Грегор. Желбата на УФЦ и на ирската ѕвезда е Хабиб Нурмагомедов, но има многумина што таквото размислување жестоко го критикуваат. За истите победа над Доналд Цероне не е доволна за да се добие меч со актуелниот шампион, но сега Ариел Хелвани излезе со информации што би можеле да ги задоволат сите страни.

Хелвани вчера во епизодата на своето ММА шоу откри дека веќе ова лето може да го гледаат „Озлогласениот“ во борбата против Џастин Гаетје. Токму Геjџи е тој, во очите на навивачите, еден од главните кандидати за следниот предизвикувач во лесна категорија. Со три победи и три нокаути во последните три настапи, Џастин ја оправда својата позиција, а натпреварот со Мек Грегор и онака веќе некое време се труби.

Доколку ова се случи, се сомневаме дека навивачите премногу би се противеле еден од нив да оди на победникот од големата пресметка меѓу Хабиб и Тони Фергусон.

„Се оди на трка меѓу Гејџи и Нејт Дијаз. Дастин Пориер се чини не се вклопува тука. Знам дека зборуваше за борба против Конор Мек Грегор кога минатата недела гостуваше во шоуто, но во овој момент борбата помеѓу Гаетје и Конор е фаворит во оваа трка. Работите секогаш можат да се променат. Приказната сè уште е во повој, но тоа е меч што очигледно го сака Гејџи и верувам дека сите од страната на Конор признаваат дека ова е борбата што има најмногу смисла“, раскажа Хелвани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО