Сергеј Ковалев упасен поради возење во пијана состојба

Сергеј Ковалев се најде во нови проблеми.

Поранешниот трикратен светски шампион во полутешка категорија е уапсен во 2 часот по полноќ во Лос Анџелес заради возење во пијана состојба.

36-годишниот Русин го одбил тестот, па неколку часа поминал во полициската станица. Пуштен е утрово во 7:30 часот по локално време.

’Крушер’, кој е познато како љубител на алкохолот, е во среде постапка за напад поднесена против него од страна на жена која, наводно, ја нападнал во 2018 година во Биг Бер, Калифорнија.

Во обвинението стои дека боксерот ја ударил жената откако таа го одбила неговото додворување. Ако го осудат, му се заканува затворска казна до 4 години. Во тек е и граѓанска постапка во која двете страни се спогодија, но жената потоа повторно го тужеше Ковалев за неплаќање на договорената сума.

Русинот минатата година предизвика инцидент на еден лет. Наводно пијан, направил сцена кога се обидел да ја бакне со сопатничката.

Последен пат се бореше во ноември минатата година кога беше нокаутиран од Канело Алварез и му го зеде појасот на ВБО, светски првак во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО