Просто неверојатно: Празно шише од вискито на Мек Грегор на Е-бај и до 90 долари!

Оваа вест дефинитивно треба да оди во рубриката „верувале или не“ со оглед на нејзината бизарност и неверојатност! Празни шишиња од вискито „Пропер 12“, зад кое стои мега ѕвездата на Конор Мек Грегор, на Е-бај се продава по цена од 90 долари!

Да, добро прочитавте и не се работи за грешка. Со оглед на тоа дека првата пратка на на вискито „Пропер 12“ е разграбана во рекордно време, со што Мек Грегор многу пати се пофали, барана е дури и празната амбалажа, додека во продажба не се појави нова серија. Па така, „Ирското сонце/ Ајриш сан“ пишува за тоа дека за што се се подготвени да направат верните обожавателите на Мек Грегор за својот идол – дури и да купуваат празни шишиња само затоа што сопственик на компанијата е познатиот Ирец.

„Брендираното УФЦ виски Конор Мек Грегор Пропер 12 – 750 мл шише“ – опис е на шишето кое на Е-бај се продава за 69,90 долари.

Во описот понатаму се наведува:

„Шишето внимателно е отворено и испразнето. Тапата (затворачот) е колку што можеше да биде“.

Еден обожавател на Мек Грегор, Ерик Хамер, за „Ирското сонце“ откри дека успеал да продаде празен шише за 40 долари. Тоа е 9 долари повеќе отколку што плати за полното шише (31 длл).

„Неверојатно беше што успеав да продадам празно шише за повеќе пари отколку што платив за полно. Но, опсесијата на фоановите на Конор Мек Грегор не е шега. Тоа е лудило“, изјави за весникот.

Не е познато кога ќе биде пуштена во продажба втората серија на „Пропер 12“. Со обѕир на брзината со која е разграбена првата, вие што сакате да го купите мора да се спуштите на ниските страсти!

Еден од огалсите запразно шише можете даго видите ОВДЕ.

https://www.instagram.com/p/BqfQr7QDoHe/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО