Пропаднаа преговорите меѓу Хан и Пакијао (ВИДЕО)

han i mani

Преговорите за средбата меѓу Амир Хан (Англија) и Мани Пакијао (Филипини) пропаднаа. Двајцата поранешни соборци нема да се сретнат во рингот. Ова го соопшти Британецот, кој ја префрли вината на Филипинецот.

„Навистина сум разочаран од Мани и неговиот тим. Не се коректни. Се што преостануваше, беше потпишувањето на договорот. Но, намерно одолговлекуваа. Нема да се борам со Мани Пакијао. Не сакам да се вртам околу Мани, како што го направив тоа со Мејведер“, изјави Хан.

Според експертите, Хан ќе ги насочи погледите кон некој друг од потенцијалните ривали. Тоа се Дани Гарсија, Ламонт Петерсон, Тимоти Бредли и Кел Брок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО