Промовиран „Патот на олимпискио шампион“ Шабан Трстена

saban-trsetna-promocija

Носителот на златниот медал од Олипмиските игри Лос Анџелес во 1984 година, Шабан Трстена, денеска ја промовираше својата книга „Патот на олимпискиот шампион“. Во присуство на многу спортисти, најдобрите пријатели и многубројните медиуми, Трстена со воодушевување се потсети на своите спортски ѕвездени мигови…

trstena-knigi-promocija

,,Мило ми е што гледам мои пријатели, спортисти и медиумски лица на овој настан. Израснав во сиромашна населба, поминав тежок спортски живот, но успеав. Во Лос Анџелес имаше разновидни јадења, кои не сум ги пробал. Мене не ми требаше таков лукзус, таква скапа храна. Пред да дојдам во Лос Анџелес ослабев 14 килограми и го освоив олимпиското злато. Важно ми беше да успеам и го сторив тоа” – рече Трстена на промоцијата на својата книга.

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Васил Тупурковски, испрати симболична порака кон целата јавност, дека треба да сме горди и среќни што живееме во времето на Шабан Трстена и треба да го респектираме максимално.

„Трстена е еден и единствен. Целата наша држава треба да се гордее со него и да ни е чест што го делиме ова време заедно. Пример за врвен спортист, пример за следните генерации. Драго ми што се тука многу негови пријатели, спортски работници. Негов идол е Мухамед Али и знам дека тој му ‘симнува капа’ горе од небото на Трстена. Во наредниот период ќе биде испечатена оваа книга и на македонски јазик во финансиска поддршка од МОК” – соопшти Тупурковски.

trstena-cile-cifliganec

Трстена има неверојатен ефект како еден од најдобрите светски спортисти во борењето, со 30 златни медали на 42 турнири на кои учествуваше. Од многуте медали 19 се од нив се Олимписките игри, Светските, Европските првенства, Медитеранските игри и Балканските шампионати. Највредни се златото од ЛОИ во Лос Анџелес и сребрениот медал од следните Игри во Сеул. Двапати беше и европски првак во неговата категорија до 52 килограми, а има и бронза од СП во Катовице во 1982 година.
Тој има на 750 борби во кариерата, притоа забележал 720 победи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО