Чатлески: Во Гент докажавме дека може да се носиме со европските борци (ФОТО)

stanojoski-pobednik-belgija-2016

Македонските кикбоксери од Шампион од Прилеп демонстрираа врвен кикбокс на „Ноќта на новите таленти“ во Гент во Белгија. Станојоски забележа сигурна победа во македонско-белгискиот двомеч, Алексоски оштетен од судиите а награден од публиката, Илиоски поразен во рамноправна борба.

catleski-borba-belgija-2016

Резултати

-56 kg.Trajce Ilioski (Tem Chatleski) vs. Ilyase Jmida (Team Trooi) 1:2

-42kg. Martin Aleksoski (Team Chatleski) vs. Kayra (Team Mac) 1:2

-61 kg. Bojan Stanojoski (Team Chatleski ) vs. Zabiullah Azimi (Team Bushidos) 3:0

catelski-2-borba-belgija-2016

Прв настапи Трајче Илиоски. Борбата беше жестока , од првата рунда до крајот на борбата непрекинато се разменуваа удари и со раце и со нозе. Одлуката беше тешка за судиите, на крајот го прогласија белгискиот борец за победник со резултат 21. Втор настапи Мартин Алексоски. Нашиот борец од првата до третата рунда беше надмоќен над белгискиот борец со комбинација на рачна и ножна техника. На крајот одлуката на судиите 21 за белгискиот борец ги изненади сите присутни во салата и со исвиркување го покажаа револтот за неправедната одлука на судиите. Трет настапи Бојан Станојоски. Три рунди тактички и технички и со чисти и прецизни удари водеше нашиот борец. По добро завршената работа во рингот со резултат од 30 победата му беше доделена на нашиот Станојоски.

catleksi-belgija-2016

Презадовплен сум од настапот на нашите борци. Со макотрпна работа и тешки тренинзи докажавме дека можеме да се носиме со европските борци и со успех да ја претставуваме нашата Република Македонија. На секое влегување и излегување од рингот со нашите борци бевме поздравувани од водителот на настанот со зборовите: Поздрав за македонските борци. Тоа е голема работа за нас и за мене како тренер и претставник на тимот. Со овој настан завршуваме за оваа година во кик боксот и ќе договарам борби за наредната 2017 година. Сега сме фокусирани на Државното првенство во бокс што ќе се одржи во Битола на 09 и 10 декември. Ќе настапиме со три боксери“, вели тренерот Дарко Чатлески.

catleksi-borba-belgija-2016

catleski-udar-so-noga-belgija-2016

catleksi-borba-noga-vo-noga-belgija-2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО