Промоторот на Усик одговори на барањата на Фјури: Тоа е спорт, оди во Холивуд ако сакаш такви пари

Тајсон Фјури, шампионот на ВБЦ и Александар Усик, сопственикот на титулите ВБО, ВБА и ИБФ организираат борба за обединување на титулите во тешка категорија.

Мечот за апсолутен боксерски шампион треба да се одржи напролет.

Преговорите неодамна заглавија веројатно по неуспешниот обид да се организира борба на Блискиот Исток, каде што и двајцата борци би биле добро платени.

Организаторите се вртат кон Англија, а боксерскиот спектакл би можел да се одржи на стадионот Вембли во Лондон.

Но, сега има проблем околу распределбата на заработката. Промоторот на Усик, Александар Красјук изјави дека нема да се откаже од барањето заработката да се подели 50-50!

Некои тврдат дека Фјури има право на поголем удел, бидејќи мечот би се одржал на Островот, а со негов ангажман би направил повеќе за да ја промовира борбата за апсолутен шампион во тешка категорија. Како контрааргумент на тие изјави, Красјук истакна дека Усик има три, а Фјури само еден појас.

„Да, но како можеш да го оправдаш тоа? Само затоа што е Англичанец? Не звучи како големо оправдување“, изјави Александар Красјук за порталот BoxingScene, а потоа продолжи:

„Од друга страна, Фјури може да каже: „Во ред, не ми е гајле со кого се борам. Без разлика дали е Усик или службеник во супермаркет, сепак можам да го распродадам Вембли. Тоа е спорт, не е само професионален бокс. Одете во Холивуд ако сакате да заработите толку пари. Ако си крал, тоа треба да го докажеш. Докажете го тоа против борец со три појаси“.

Промоторот на Усик верува дека сè уште може да постигне фер договор со претставниците на Фјури и Френк Ворен.

„Ќе имаме добри можности за тоа, навистина сум оптимист. Фјури е единствениот кој може да му наштети на договорот, Усик е многу флексибилен, парите никогаш не му биле во срцето. Знае дека ќе заработи ако биде успешен во рингот. Но, јас сум загрижен за односот на Тајсон“, истакна Александар Красјук и подвлече:

„Можеби Фјури се плаши дека ќе ја загуби популарноста и статусот што го ужива сега, а најдобра шанса тоа да се случи е против Усик. Може да побара поголем влог за да го оправда својот ризик. Ова е веројатно најризичната боксерска борба за него. Но длабоко во моето срце верувам дека тој има срце на воин и ќе прифати фер услови. Борбата можеме да ја договориме веднаш, во следните три дена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО