Промоторот на Фјури не сака да му плати на Вајлдер за да се откаже од мечот против Кралот на Ромите

Боксерскиот меч меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури е доведен во прашање откако се рашири веста дека Дионтеј Вајлдер со судска наредба го добил правото на трета борба против Кралот на Ромите. Судот донесе одлука борбата меѓу Фјури и Вајлдер да се одржи до 15-ти септември.

Ова доведе до големи проблеми за организаторите на големата борба за обединување на титулите. Постојат неколку можни решенија за оваа ситуација, а една е да му понудат на Вајлдер одредена сума со цел да се повлече некое време.

Промоторот на Фјури, Боб Арум верува дека нема да понуди пари за Бронзениот бомбардер, но ќе бара друго решение.

„Нема да му платиме на Вајлдер за да се повлече. Многу е подобро ова да се реши веднаш, а потоа да се продолжи понатаму. Џошуа и Фјури би можеле да се борат во ноември или декември“, рече Боб Арум.

Славниот промотор предлага Фјури и Вајлдер да се борат на 24 јули, а Тајсон не би имал проблем со тоа, бидејќи ќе добие уште еден хонорар.

Но, што ако Фјури остане без титулата на ВБЦ, тогаш најверојатно ќе пропаднеше дуелот со Џошуа.

Сега се очекува Еди Херн, главниот организатор и промотор на Џошуа, да даде свое мислење за новонастанатата ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО