Промоторот на Џошуа ги објави кандидатите за првата одбрана на титулата

entoni dzosua so pojas

Промоторот на новиот светски шампион во супер тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа (16-0, 16 КО), ги објави имињата на кандидатите против кои неговиот клиент може да се сретне во неговата прва одбрана на титулата, која може да биде уште во јули.

Според зборовите на Еди Херн, Британецот, кој е олимписки шампион од Лондон 2012, ги разгледува кандидатурите на Канаѓанецот Бирмејн Стиворн (25-2-1, 21 КО), Американеците Брајант Џенингс (19-2, 10 КО), Малик Скот (38-2 -1, 13 КО), Ерик Молина (25-3, 20 КО) и Доминик Бризил (17-0, 15 КО).

Ентони Џошуа стана светски шампион на ИБФ уште во 16 меч во професионалниот ринг. На 10 април тој го нокаутира Американецот Чарлс Мартин, како го собори на подот со моќен десен удар уште во втората рунда во лондонската „О2 арена“. Така Британецот стана третиот боксер кој освоил титула во тешка категорија на профи рингот како актуелен носител на олимписка титула. Другите двајца се Мохамед Али и Леон Спинкс.

https://youtu.be/1190olOPQ-w

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО